logo
logo
logo

Забрчанец до Ивент индустријата: Пари има, треба да се конкурира и да се работи

Vecer | 13.04.2021

Забрчанец до Ивент индустријата: Пари има, треба да се конкурира и да се работи

Пари имало, требало да се конкурира и да се работи... Можело и да се протестира, ама тоа ќе било разбирливо само ако немало пари се вели во објавата на Фејсбук на националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата Марјан Забрчанец.

Во објавата со наслов „Да се протестира или да се конкурира за грант кој треба да се сработи?“ Забрчанец се осврнува на организаторите на настани кои со својот протест, оцеува тој, пред Владата бараат грантови, а не конкурси.

– „Протест пред Владата – инвент индустријата бара грантови, а не конкурси.“ Сите што некогаш во својот професионален ангажман се бореле да дојдат до работа знаат дека за да ДОБИЕШ ГРАНТ треба да КОНКУРИРАШ, наведува Забрчанец.

Тој додава дека за милион евра наменски определени исклучиво за да се обезбеди работа за ивент менаџмент индустријата, секоја компанија треба да осмисли концепт, да конкурира, да ги исполни едноставните услови и да добие грант за да сработи настан.

– Пари има, милион евра. Треба да се осмисли, да се конкурира и да се работи. Може и да се протестира се разбира, ама тоа би било разбирливо ако немаше пари за ивент индустријата. А сега има. Милион за грантови и уште толку за бескаматни кредити. И сега? Да се протестира или да се конкурира?, додава Забрчанец во објавата на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk