Забрана за камиони на патот од Делчево кон истоимениот граничен премин

Поради интензивните врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Делчево граничен премин „Делчево“, информираат од АМСМ.

Поради врнежи од снег, ваква забрана од утрово е на сила и на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари