logo
logo
logo

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Vecer | 15.02.2021

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка


Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека поради остатоци од снег на коловозот, забрана за камиони и автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. На патот Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на камиони со приколка.

Забрана за сите видови моторни возила, пак, е водена на патниот правец Ранковце – Герман.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Поради ниските температури, на некои места е можна појава и на голомразица.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk