logo
logo
logo

За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари, вели Стојко Стојков

Vecer | 10.08.2022

За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари, вели Стојко Стојков

Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство. Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права. Но, нашинците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција а потоа и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.  Владата се интересира само од влегување во Европа по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за „Pressing TV“ Стојко Стојков од Омо Илинден-Пирин. Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари. Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk