logo
logo
logo

За туристите од Србија 20% ПОЕВТНИ ЦЕНИ ВО ОХРИД И СТРУГА

Vecer | 18.04.2021

За туристите од Србија 20% ПОЕВТНИ ЦЕНИ ВО ОХРИД И СТРУГА

Хотелите во Охрид и Струга од мај до октомври нудат поевтин престој за туристите од Србија со попуст на цените до 20 проценти, во зависност од должината на престојот. Ова беше најавено од асоцијацијата на македпонските хотели (ХОТАМ).

Целта на оваа акција е да се обезбеди подолг престој за туристите, а не да се остварува само со викенд ноќевања пред или по одморот во Грција.

Полупансион, со појадок и вечера во хотелот со четири ѕвездички со ваков попуст би изнесува околу 25 евра, изјави претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Идејата за намалување на цената досега ја прифатија 90 отсто од хотелотите на охридкиот брег ", вели Блажески и додаде дека овие специјални пакети ќе бидат во понудата на туристичките агенции од Македонија и од Србија.

"Очекуваме поголема циркулација на гостите оваа сезона", најави Блажески.

Хотелиерите велат и дека оваа иницијатива има намера да се вклучи и да ја поддржи препораката на Владата за придобивките од српските граѓани во знак на благодарност за подарените вакцини, како и вакцинирањето на над 10.000 граѓани од Македонија во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk