logo
logo
logo

За Шпанија сомнителна е ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА БАРДИ. Барди: “Издадена ми е од МВР“

Vecer | 11.04.2021

За Шпанија сомнителна е ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА БАРДИ. Барди: “Издадена ми е од МВР“

Полицијата во Валенсија го истражува македонскиот фудбалер Енис Барди за фалсификувана возачка дозвола. 25-годишниот играч на шпанскиот тим Леванте бил запрен при рутинска контрола, возејќи Порше панамера во понеделникот.

Полицајците, според шпанските медиуми, се посомневале во валидноста на неговата возачка дозвола бидејќи била со слаб квалитет, а под ултравиолетово светло се покажало дека недостасуваат сигурносните обележја.

Возачката дозвола му била запленета на македонскиот репрезентативец и тој сега се соочува со истрага за возење со фалсификувана дозвола.

Барди денеска се огласи на Твитер и вели дека возачката дозвола која им ја покажал на полицајците вчера е валидна и издадена од службите во Македонија.

Тој додава дека утрово ја проследил целосната документација во локалната полиција за возачката дозвола, издадена од страна на македонското Министерство на внатрешни работисо цел, како што вели, со документацијата да се разјасни конфузната ситуација која настана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk