logo
logo
logo

„За ред, за правда, за дисциплина – ДОСТА е веќе!“-Синдикатот на полицијата излегува на протест

Vecer | 28.04.2021

„За ред, за правда, за дисциплина – ДОСТА е веќе!“-Синдикатот на полицијата излегува на протест

Синдикатот на полицијата во Македонија во сабота излегува на протест под мотото „За ред, за правда, за дисциплина – Доста е веќе“.

Протестот ќе започне во 11:30 часот на 08.05 пред канцелариите на Европската Унија и ќе продолжи до Владата на Република Македонија.

Синдикатот излегува на протест со цел да им се остварат барањата за подобри услови за живот и работа:

– Тендер за сите видови на униформа во Полицијата,

– СТОП за незаконските распоредувања,

– ДОДАТОК за борбата против коронавирусот,

– НОВ Колективен договор во МВР со учество на сите Синдикати,

– ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР,

– Доста – СТОП за МОБИНГОТ,

– Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО,

– СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ,

– ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата.

 

ЗА РЕД, ЗА ПРАВДА, ЗА ДИСЦИПЛИНА - ДОСТА Е ВЕЌЕ ‼️✊

Posted by Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ on Wednesday, April 28, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk