logo
logo
logo

За Рашковски НАЈАВЕНА ПРИЈАВА ДО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

Vecer | 13.04.2021

За Рашковски НАЈАВЕНА ПРИЈАВА ДО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

Директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во врска со џипот од 74 илјади евра на Драги Рашковски, рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку секретарот на премиерскиот кабинет прикажал нереален анкетен лист.

„Доколку утврдиме ние разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните приходи што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш нели се вклучуваат и други институции како што е финансиска полиција. Они имаат посебни методи за истражување и тоа ќе си го докажуваат“, рече првиот човек на Антикорупциска на денешната прес-конференција.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk