Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец, информира УХМР.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

makfax.com.mk