logo
logo
logo

ЗА ПЦР ТЕСТ СЕ ЧЕКА ЦЕЛА ВЕЧНОСТ: Граѓаните чекајќи термин оздравуваат

Vecer | 24.10.2021

ЗА ПЦР ТЕСТ СЕ ЧЕКА ЦЕЛА ВЕЧНОСТ: Граѓаните чекајќи термин оздравуваат

За ПЦР тест во внатрешноста на земјава се чека 3-4 дена, а во Скопје и по една повеќе од една недела, потврдуваат матичните доктори. За 24 вести велат дека додека чекаат за тест дел од пациентите оздравуваат.

- На терен имаме проблеми, во секој град е исто. Се чека од 3 до 4 дена, во Скопје се чека од 7 до 11 дена. Не секој има финансиски средства да отиде на приватно. Во последниот случај имам тројца членови од едно семејство коишто се позитивни, чекаа тест, а сите се болни, дадена им е терапија, секако дека се покриени, но мораме да ги тестираме, немаат сите пари да прават и тестови за антитела на приватно, вели д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружение на приватни матични лекари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk