logo
logo
logo

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА: Владата набави 45 возила за 1,5 милиони евра!

Vecer | 29.07.2021

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА: Владата набави 45 возила за 1,5 милиони евра!

Кризата во Македонија е само за граѓаните и компаниите, владата е надвор од тие проблеми. Набавуваат 45 нови возила, на лизинг за 1,5 милиони евра и тоа не е крајна цена. По истекот на лизингот ќе плаќаат за секој поминат километар со визолото.

Владата на Македонија набавува 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

Договорот помеѓу Службата за општи и заеднички работи и компанијата „Порше Лизинг“ е склучен на крајот на минатиот месец и истиот е веќе јавно објавен на веб страната на Електронскиот систем за јавни набавки.

Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило.

Порше Македонија која е сестринска компанија на „Порше Лизинг“ во минатото во неколку наврати беше споменувана за спорни набавки на возила за министерства и компании во државна сопственост.

Во еден од случаите кои пред неколку години ги отвори СЈО обвинителството тврдеше дека тогашниот висок функционер Ѓоко Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk