Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук соопшти дека за неколку часа на 300 локации во земјата собрани се 25 илјади потписи или два и пол пати повеќе од потребните 10.000.
ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа. Благодарност до сите што се потпишаа. Македонија не сака фалсификат попис. Народот се потпишува против фалсификат попис. Продолжуваме и утре! Јасна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев. Потпис за вистински европски попис, напиша Мицкоски.