logo
logo
logo

ЗА НЕКОИ РАБОТИ ШУШКАМЕ, а не зборуваме - Шекеринска прозборе за ПРОБЛЕМИТЕ ВО СДСМ (АУДИО)

Vecer | 17.05.2021

ЗА НЕКОИ РАБОТИ ШУШКАМЕ, а не зборуваме - Шекеринска прозборе за ПРОБЛЕМИТЕ ВО СДСМ (АУДИО)

Радмила Шекеринска по повеќе од 20 години за прв пат нема партиска функција во СДСМ.  На вчерашниот 26. конгрес кој го одржа партијата на нејзината позиција како заменик на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, застана директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Таа беше изгласана за втора заменик-претседателка на партијата со 682 гласа за и 2 гласа против. За потпретседатели се избрани Венко Филипче и Фатмир Битиќи за нови потпретседатели на местото на Коста Петров и Мухамед Зекири, додека Оливер Спасовски и Мила Царовска ги задржаа позициите.

Според тоа што беше објавено  Шекеринска упати јавно честитка за изборот на новото раководство. Но сепак на социјалните мрежи се појави аудио снимка од нејзиното обраќање каде таа на конгресот изрази и критики за досегашните делувања на партијата.

- Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка. А тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат, вели таа.

Понатаму додава дека е загрижена што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не.

- А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да и помогне, само ќе и’ одмогне на партијата, рече Шекеринска.

Аудио снимката може да ја слушнете на овој ЛИНК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk