Демир Хисар

За манастирската слава по нов пат до Св.Атанасиј во Сопотница

На патот што води преку „Под дабјено" до возобновениот манастир свети Атанасиј кај Сопотница, кај месноста „Страшни дол" се изврши тампонирање во должина од околу 500 метри.

Сопотничани велат дека, на оваа делница од овој немодернизиран пат, движењето на моторни возила било многу отежнато и скоро невозможно за време на врнежи од дожд бидејќи теренот бил каллив и лизгав. Потребата од ваков градежен зафат била неопходна бидејќи преку другиот локален патен правец што води преку „Сачмарницата" и патот за Радово, оштетувањата на коловозот биле големи и било речиси невозможно движењето на лесни моторни возила.

Претставници на манастирскиот одбор изјавија, дека целокупниот градежен материјал во износ од околу 150 кубни метри бил донација од Акционерското друштво „Рудник Демир Хисар", а вклучени се општината Демир Хисар и комуналното претпријатие „Комуналец" и неколку локални приватни транспортни и градежни фирми.

Новиот таканаречен алтернативен пат до манастирот свети Атанасиј кој што, денеска, 15 мај го слави својот патрон, е во должина од само околу 1,5 километри, наспроти локалниот пат што води преку патот за селото Радово кој што, до манастирот е долг повеќе од 10 километри.

Пред околу една година, на барање на жителите на Сопотница, дел од овој патен правец беше модернизиран во должина од 2 километри. Меѓутоа заради целосната неизграденост и големите оштетувања од движењето на тешки шумски возила, патниците избегнуваат да се движат по него.
Денска, на манастирската слава се очекува посета од голем број верници и излетници.

Поврзани

Најнови вести

Коментари