logo
logo
logo

ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПАРИ од 530 милиони во солидарниот фонд на ЕУ

Vecer | 11.03.2021

ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПАРИ од 530 милиони во солидарниот фонд на ЕУ

Европската Комисија го објави пакетот помош од солидарниот   за поддршка за земјите во справување со корона кризата. Иако таму има земји кандидати членки како Албанија и Србија, сепак Македонија изостана од пакетот.

Помошта од 530 милиони евра ќе добијат речиси сите земји-членки и кандидати, но не и нашата земја.

Македонското знаме го нема во објавата на претседателката Урсула Фон дер Лајен, но ни во листата на земји кои добија поддршка.

Комисијата предлага 530 милиони евра финансиска поддршка во рамките на Фондот за солидарност за итни мерки поврзани со здравјето во борбата против ковид во 17 земји-членки + 3 кандидати. Европската солидарност на дело во тешки времиња – објави Елиса Фереира од Европската комисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk