Заев се заплетка во сопствените лаги

За експертите нема дилеми - снимките се од странски тајни служби

Експертите велат дека освен преку закани Заев нема друг начин за да се експонира во јавноста. Според нив, СДСМ е партија која не е способна да подготви проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, па затоа им остануваат само манипулациите и заканите кои од секогаш биле систем на однесување на „Бихаќка"

Трети пат за помалку од две недели опозицискиот лидер Зоран Заев признава дека соработувал со странските служби. Откако сите граѓани ја видоа снимката од Кабинетот на премиерот Груевски и го прочитаа писмото кое Заев му го пишувал на Верушевски, завчера, и сам на прес-конференција лидерот на СДСМ потврди дека сите материјали со кои располага ги добил од странски служби. Заев објави снимка од телефонски разговор на директорот на ДБК, за кој претходно тврдеше дека го вршел снимањето на разговорите и се сплетка во своите лаги. Експертите зачудени прашуваат до каде ќе одат манипулациите на Заев.

- Мислам дека не постои граѓанин во државата на кого веќе не му е јасно дека главна цел на Заев и неговите странски соработници е да внесат страв и паника. Со своето однесување во стилот на пиштолџија од Дивиот Запад, Македонија и нејзините граѓани се под постојан притисок и сведоци сме на се поголемата поделеност меѓу населението. Атмосферата во државата е донесена до ниво како да имаме на слобода сериски убиец, а сите ние сме му потенцијални жртви. Повеќе мислам дека никој не се чувствува сигурен, затоа што никој не знае, освен врхушката околу него, кој ќе биде следна жртва, вели Пандов.
За Пандов нема дилема дека снимките на Заев дошле од странство.
Интересно е што во вчерашните снимки кои ги објави лидерот на СДСМ и покрај бомбастичните најави граѓаните слушнаа само како Мијалков бара од албанскиот коалициски партнер Македонец, а не Албанец да го води македонскиот Врховен суд.


Пандов смета дека Заев претставува опасност за сите граѓани на Македонија и дека е крајно време институциите да преземат мерки.
- Мислам дека е крајно време државата да преземе мерки и да постапи во согласност со законот и уставот и овој десперадос да го смести во установа која е предвидена за таквите како него, додава Пандов.
Експертите велат дека освен преку закани Заев нема друг начин за да се експонира во јавноста. Според нив, СДСМ е партија која не е способна да подготви проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните па затоа им остануваат само манипулациите и заканите кои од секогаш биле систем на однесување на „Бихаќка".
- Ако, почитувани социјалдемократи, пред се, ве прашаат, „што со претрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ", да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги брка. Ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт, ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија, рече Заев во 2010 година.
Системот на дејствување преку сеење страв меѓу граѓаните со години наназад се покажува како промашена стратегија за СДСМ. Тоа го покажуваат сите изборни циклуси во последните 9 години во кои СДСМ губи со убедлива разлика.

Груевски: Му кажав на Заев техничка влада не прифаќам, што сакаш објавувај

Груевски истакна дека засега не би коментирал нешто повеќе и најави дека во следниот период ќе излезе со поконкретни коментари

На четирите средби кои што ги имав со Зоран Заев му кажав дека техничка влада не прифаќам. Му порачав се што има и што сака да објави, слободно да го објави, изјави премиерот Никола Груевски.

-Имав прес-конференција на која што најавив дека следува период во кој што ќе има ваков вид на работи, затоа што претходно имав неколку средби, односно четири, со Зоран Заев на кои што тој ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали кои што има намера да ги објавува доколку не му овозможиме формирање на теничка Влада, нешто што јас не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив се што има и што сака да објави слободно да го објави, изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Зврлевски: Никој не побарал од мене да се отфрли кривична пријава

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ, но како јавен обвинител не сум постапувал по ниеден предмет во кој пријавено лице било министерот за финансии, изјави јавниот обвинител Марко Зврлевски.
- Јавните обвинители кои постапуваат по предметите се апсолутно независни во своето постапување и самостојни и нив ги обврзуваат само количината и основаноста на доказите, сомнението поткрепено со доказите. Од мене никој не побарал да се отфрли некаква кривична пријава, ниту пак јас сум побрал од некој обвинител тоа да го направи, истакна Зврлевски, одговарајќи на новинарски прашања на националната конференција за постапување со деца жртви на насилство.
Според него, начинот на споменувањето на јавното обвинителство и јавниот обвинител на прес-конференцијата се со цел да се дискридетира оваа институција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари