За еден ден казнети 11 возачи и 7 пешаци зашто поминале улица на црвено светло

Во текот на изминатиот ден во Скопје санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и тројца поради неправилно престројување.

Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и седум пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло, соопшти полицијата.

Вчера се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари