logo
logo
logo

За да имаме колективен имунитет до крајот на летото треба да се вакцинираат 10 илјади граѓани дневно!

Vecer | 10.05.2021

За да имаме колективен имунитет до крајот на летото треба да се вакцинираат 10 илјади граѓани дневно!

За да се постигне колективен имунитет во земјава, треба да се вакцинираат половина од граѓаните кои не прележале ковид 19, вели за Слободен печат, директорот на Институтот за имунологија, професор доктор Александар Петличковски.

Според него, предвидувањата на министерот за здравство Венко Филипче, дека колективен имунитет ќе имаме до крајот на летото е сосема можно да се остварат, но за таа цел дневно ќе треба да се аплицираат барем 10 илјади вакцини и тоа во континуитет.

-Ние претпоставуваме дека во моментот над 50 проценти од општата популација, а можеби и до 60 проценти, според статистичките пресметки, има остварено имунитет. Најголем дел од нив го оствариле имунитетот, заради прележување на болеста. Тоа се речиси милион луѓе. Последниве бројки за покриено население со вакцини се над 120 илјади вакцинирани луѓе во моментот. Вкупно треба да имаме 80 проценти население со стекнат имунитет или преку вакцина или со прележување, за да имаме колективен имунитет. Тоа ќе биде крај за епидемијата. Изјавите кои ги слушнавме од министерот за здравство може да станат реалност, но за таа цел ќе треба најмалку 10 илјади вакцини дневно да бидат аплицирани и вакцинирањето да трае во континуитет, изјави доктор Петличковски за „Слободен печат“.

Запрашан дали кога мутациите од Индија и Бразил би пристигнале во Македонија, би го нарушиле нашиот колективен имунитет, професорот вели дека компликациите од овие варијации на вирусот нема да бидат големи.

Тој смета дека вакцината нема да треба да биде аплицирана доживотно кај граѓаните, меѓутоа ставот го дава резервирано, бидејќи станува збор за тема која ќе се расчистува во наредните две до три години.

-Можно е да има некоја ревакцина, но не мислам дека епидемијата од ковид ќе се случува секоја година. За скоро време ќе имаме податоци, но мислам дека нема да биде потребно секоја година да се аплицира вакцина за ковид, додаде Петличковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk