logo
logo
logo

Мицкоски:

„ДУИ и СДСМ РАЗГОРУВААТ ЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ за тендер повеќе“

Vecer | 25.10.2021

„ДУИ и СДСМ РАЗГОРУВААТ ЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ за тендер повеќе“

Сите ние имаме една заедничка мака, а тоа е лошо живееме. Не крадат политичари, кои што за да добијат некој тендер повеќе, за да добијат некој денар повеќе во нивниот џеб од некои квази бизнисмени, подготвени се да ги злоупотребат чувствата на граѓаните без разлика на каква етничка припадност припаѓаат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на телевизија Клан

Според Мицкоски ДУИ и СДСМ подгреваат тензии за да добијат по некој тендер.

Мицкоски додаде дека поради тоа тој вели на граѓаните дека е време да се обедини народот во Македонија и да се споделат вредности социјални, економски, образовни, здравствени за да се направи Македонија подобро место за живеење.

„Мора овие кои што ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните во етнички контекст да заминат во пензија политичка, и да дојде времето кога космополитите на политичката сцена, луѓето кои што се за обединување ќе ја преземат иницијативата во свои раце и ќе обезбедат подобар живот за граѓаните“, заклучи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk