Целта на СЈО-СДСМ е насилничко преземање на власта

За Божик тиранска платформа, за Велигден тирански претседател на Собрание

Не е случајно сево ова и не е никаква коинциденција на двата најголеми христијански празници да се забива нож во грб на македонскиот народ, велат аналитичарите. На Божиќ беше обелоденета тиранската платформа потпишана под картата на "голема Албанија# и под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама. Сега, најавите говорат дека за Велигден се подготвува да се избере и тирански претседател во македонското Собрание

Се погласни се најавите дека СДСМ подготвува сценарио за насилно да ја преземе власта. Според најавите, се планира насилно влегување во Собрание и избор на тирански претседател.

Тоа го најави професорот Љубомир Фрчкоски, во последната колумна насловена "Пред портите на вистинската криза", Фрчкоски во која ги посоветува социјалдемократите за уши да го исфрлат Трајко Вељановски од претседавачкото столче во Собранието, затоа што во секоја друга опција - тие немало да формираат Влада.

-Наместо да го фатите за уши и да го извадите од вашата кола! Вељановски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со "почитување процедура# која е во стартот прекршена (и давате изјави дека Вељановски бил нелегитимен! Па, секако дека е нелегитимен, но што правите Вие од парламантарното мнозинство во врска со тоа е вистинското прашање?) Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање ќе ни треба сепак и едно "малку подебелко пенкало со јајца на крајот" - за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, советува главниот стратег на СДСМ.

Дека ова сценарио наскоро навистина се планира да се реализира, информираат и од ВМРО-ДПМНЕ. Според Антонио Милошоски тоа ќе се случи токму на Велигден. Целта на СЈО/СДСМ за "новата реформска влада" е пред Велигден, неделовнички/насилен избор на претседател на Собранието, а до јуни да се покренат уште дваесетина неосновани обвиненија против истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ги разобличуваат штетните политики на Заев, напиша тој на Фејсбук.

- До крајот на годината треба да помине Законот за двојазичност на цела Македонија и редефинирањето на државата според платформата од Тирана и предмет на прогон и подолг притвор ќе бидат предводниците кои ќе се обидат да го попречат планот; притисокот ќе вклучува и објава на монтирани приватни снимки за деградација и оцрнување на личностите. "Двојазична# Македонија нема да има основа да бара опстојување на македонски/Мацедониан за јазикот и идентитетот во решавањето на спорот со Грција.

- До крајот на годината ќе треба Заев и СЈО да најдат "независни судии" кои ќе потпишат ослободителни пресуди за обвинетите во "Монструм" и "Диво Насеље", а за возврат Заев да биде ослободен од вина во предметот "Поткуп", образложи Милошоски.

Не е случајно сево ова и не е никаква коинциденција на двата најголеми христијански празници да се забива нож во грб на македонскиот народ, велат аналитичарите. На Божиќ беше обелоденета тиранската платформа потпишана под картата на голема Албанија и под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама. Сега, најавите говорат дека за Велигден се подготвува да се избере и тирански претседател во македонското Собрание.

Поврзани

Најнови вести

Коментари