logo
logo
logo

За 5 дена вакцинирани само 1.040 МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА

Vecer | 22.02.2021

За 5 дена вакцинирани само 1.040 МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА

Во Македонија откако започна вакцинацијата досега се вакцинирани, 1040 здравствени работници, додека над 63.000 граѓани се пријавиле на страницата vakcinacija.mk.

Од министерството за МИА, соопштиле дека кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура.

Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ се реализирани 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација – велат од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk