logo
logo
logo

WANTED

Vecer | 05.09.2014

WANTED

Главните уредници на Сител и весникот ВЕЧЕР, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, поднесоа неколку тужби за клевета и навреда против Петре Шилегов, Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Саше Ивановски, Јадранка Костова... за серијалот прес-конференции, текстови и написи во медиумите и порталите со кои им нанесоа сериозна штета на угледот, професионалните позиции и деловни интереси.

Од десетина поднесени тужби преку адвокатските канцеларии Апостолски и Бегова, ниту една се уште не е операционализирана и нема јавна расправа, а судот се вади дека не можел да најде каде живеат посочените кои упорно се кријат и не се појавуваат на суд.

Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас ги тужат наведените за серија клевети направени преку прес-конференции, изјави, пишувања во портали и весници.

Станува збор за следните предмети:Ивона Талевска - Саше Политико рочиште закажано за 01.10.2014 во 9.45 во судница 18, број на предмет П4-719/14; Латас -Шилегов, рочиште закажано за 01.10.2014 во 12.30 во судница 3, број на предмет П4-672/14; Латас - Фокус рочиште закажано за 10.10.2014 во 9.30 во судница 19, број на предмет П4-733/14; Латас - Либертас, рочиште закажано за 05.09.2014 во 10.15 судница 18, број на предмет П4-673/14; Латас- Бранко Героски рочиште закажано за 30.09.2014 во 12.30 во судница 19, предмет број П4-681/14; Ивона Талевска

Либертас рочиште закажано за 16.10.2014 во 10.20 во судница 19, предмет број П4-668/14; Ивона Талевска - Шилегов рочиште закажано за 07.10.2014 во 10.30 во судница 19, предмет број П4-670/14; Ивона Талевска - Фокус рочиште закажано за 17.10.2014 во 12.00 во судница 3, предмет број П4-734/14; Ивона Талевска -Бранко Героски рочиште закажано за 07.10.2014 во 10.00 во судница 19, број на предмет П4-669/14.

Кога пишуваа и плукаа по свои колеги без основ и докази, а за потреби на една политичка опција неколку месеци пред изборите, беа силни и не се симнуваа од медиумите. Сега кога своите зборови треба да ги докажат или да одговараат доколку нема докази за тоа, тие станаа анонимни, недостапни за судот и се однесуваат како ништо да не било.

А било.

Да се потсетиме: во серија прес-конференции и текстови на Петре Шилегов, Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Јадранка Костова, Саше Ивановски и други... беа прозивани и напаѓани Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас, беа спомнувани, омаловажувани и членови на нивните семејства, свесно изнесувани лажни податоци за имотни состојби... и сето тоа со месеци, со што во јавноста создадоа хистерија против тужителите и им нанесоа сериозна штета и на угледот и на нивните професионални и деловни позиции и интереси.

Делата за кои е тужен Ацо Кабранов како и Бранко Геровски, Шилегов, Ивановски, Костова се сторени во јануари и февруари, по што веднаш се поднесени тужби од Талевска и Латас преку адвокатските канцеларии Апостолски и Бегова.

До ден-денес за ниту една од десетината тужби не е одржана расправа и случаите не се поместени од нула.

Не сакаме да веруваме, а би можеле, дека судот за едни случаи на клевета суди експресно и ефикасно, а другите тужби за клевета ги одолговлекува и дифузира за на крајот да добие просек дека се е како што треба.

Без оглед кој тужи: новинар, бизнисмен, политичар, адвокат... Судот мора да ги има истите критериуми и истата ефикасност.

Судот добро знае каде работи Ацо Кабранов, бидејќи порталот Либертас е регистриран на адреса бул. "Партизански одреди" бр. 95-18, 1000 Скопје, а редакцијата и работните простории се наоѓаат на ул. "11 Октомври" број 2, влез 4. Судот исто така ја има и неговата домашна адреса доставена од тужителот, па може да го примени законот кога сака и ако сака.

Го повикуваме Ацо Кабранов да се јави во судница или да побара информации кај адвокатските канцеларии: Адвокатска канцеларија Апостолски, телефон: +389 2 3109 684
Адвокатска канцеларија Бегова, телефон: + 389 2 3222 325.

Ги повикуваме сите кои знаат каде се движи, спие и работи лицето Ацо Кабранов да достават податоци кај адвокатските канцеларии или до редакцијата на ВЕЧЕР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk