На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 263.083 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.606 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 458.131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195.048 граѓани.

„Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, посочуваат од ресорното министерство.

Од таму додаваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 452.093 граѓани.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

 

makfax.com.mk