logo
logo
logo

Втора пресуда за „Монструм“

Vecer | 23.02.2021

Втора пресуда за „Монструм“


Кривичниот суд денеска треба да донесе втора пресуда за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи на 12 април 2012 година.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ се обвинети за тероризам и за нив обвинителството побара доживотен затвор. Од нив, првите двајца се во бегство во Косово.

Хаки и Фејзи Азири се гонат за помагање во тероризмот, а за нив обвинителството бара затворски казни од 9 до 10 години за едниот и 15 години затвор за другиот.

Петтиот обвинет, Сами Љута се очекува да добие ослободителна пресуда поради немање на докази за вмешаност во настанот.

Во петкратното убиство што се случи во пресрет на Велигден, беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од селото Црешево.

Ова ќе биде втора пресуда изречена за „Монструм“ од Основниот кривичен суд во Скопје. Во првиот процес, сите се гонеа за тероризам и добија доживотни затворски казни. Врховниот суд во 2017 година ги усвои жалбите на обвинетите и го врати случајот на повторно одлучување за утврдување на фактичката состојба.

Предметот се врати на почеток, а го презеде тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) поради тоа што постоеја прислушувани разговори поврзани со предметот. Обвинителката Фатиме Фетаи во завршните зборови кажа дека генерално „бомбите“ не откриле некоја нова вистина за случајот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk