logo
logo
logo

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве што не очекува во текот на денот

Vecer | 22.02.2021

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве што не очекува во текот на денот

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер и со појава на магла и ниска облачност по котлините во претпладневните часови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела.

Температурите ќе бидат во пораст и од утре дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Утре и во среда, особено долж Повардарието, ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk