logo
logo
logo

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА-Еве што не очекува во текот на денот

Vecer | 14.04.2021

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА-Еве што не очекува во текот на денот

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Дополнуваат дека на места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен, краткотрајно пороен дожд а ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk