Ние денес не само што им оддаваме почит, туку се обврзуваме дека ќе ја чуваме и градиме нашата држава како дом на сите, без разлика на вера, нација или јазик. Да не дозволиме разликите да не разединат, туку да не зближат. Зашто, токму тоа е духот на солунските браќа, да бидеме едно во различноста и силни во заедништвото, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Свечената академија што по повод Денот на Светите Кирил и Методиј се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.
Денес, кога се соочуваме со нови предизвици и надворешни и внатрешни, треба гласно да кажеме: нема откажување. Ќе се бориме за правда, за достоинство, за секој човек. Зашто нашата иднина не е предодредена, таа се создава со визија, со работа и со срце. А кога народот е обединет околу вредности, ниту една пречка не е преголема.
Време е за Македонија, за вистинска промена, за обнова на надежта, за заштита на интересите и иднината на нашата држава и народ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата