logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Вработени во Водовод под притисок на Вескоски-Шилегов сведочат за уништување на документација за криминалната јавна набавка

Vecer | 23.09.2021

Вработени во Водовод под притисок на Вескоски-Шилегов сведочат за уништување на документација за криминалната јавна набавка

Вработени во Водовод под притисок на Вескоски-Шилегов сведочат за уништување на документација за криминалната јавна набавка, ЈО веднаш да реагира, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Откако беа фатени како го кршат законот, Душко Весковски и Петре Шилегов влегоа во ново кривично дело, а тоа е бришење на докази кои упатуваат јасно на фактот дека прво спровеле градежни работи, па потоа имало јавна набавка на која победила токму фирмата која градела неколку месеци претходно.

ЈП Водовод започна на својот официјален Фејсбук да ги брише објавите на 3-ти октомври на минатата година каде, имаат објавено дека ќе има приклучок на мрежа на ул. „Варшавска“, што значи дека уште еднаш докажуваат дека претходно било реконструирано и завршено буквално се, а дури потоа била спроведена набавка, што значи дека била наместена истата. Инаку зошто би имало приклучок на нереконструирана и незавршена водоводна мрежа.

Меѓу другото нашите информации од совесни вработени во јавното претпријатие говорат дека и во текот на денешниот ден веројатно по налог на тандемот Весковски Шилегов се вршат уништување на докази за наместената јавна набавка во вредност од 300 илјади евра, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде упатуваат апел до 

Јавното обвинителство веднаш да реагира и да влезе во архивата на документи на јавното претпријатие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk