Во понеделникот претпладнето околу 10 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј., вработен во клиниката, вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш., директор на клиниката, по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.