logo
logo
logo

ДРАМА

Вооружен грабеж во аптека на „Џон Кенеди“! Од стрес на газдата му се слошило, па починал

Vecer | 23.09.2021

Вооружен грабеж во аптека на „Џон Кенеди“! Од стрес на газдата му се слошило, па починал

Доцна синоќа во аптека на улицата „Џон Кенеди“ се случил вооружен грабеж. Имено, во 20:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Џон Кенеди“ едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А.С.(40), на кого, според пријавеното, му се слошило.

За кратко време со Итна медицинска помош бил однесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар е констатирана смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk