logo
logo
logo

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Попладне пороен дожд

Vecer | 26.05.2021

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Попладне пороен дожд

Попладне и кон крајот на денот на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И во Скопје попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Во петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk