logo
logo
logo

Водата за пиење во Скопје квалитетна и безбедна

Vecer | 24.01.2022

Водата за пиење во Скопје квалитетна и безбедна

Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, посочуваат резултатите од неделниот лаборатортсиски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје согласно анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), наведуваат од ЈП Водовод и канализација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk