(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

Полицијата дојде пред домот на експремиер Никола Груевски, кој требаше да се јави во затворот во Шутка на отслужување на две годишната казна затвор на која е осуден за случајот “Тенк”.

Полицијата тропаше на вратата од домот на Груевски, но никој не отвори.

Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на Кривичниот суд, МВР издаде потерница.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари