logo
logo
logo

Во угостителски објект во Тетово затекнати 100 гости, приведен управителот

Vecer | 06.02.2021

Во угостителски објект во Тетово затекнати 100 гости, приведен управителот


Во угостителски објект во Тетово вчера биле затекнати 100 гости, а полицијата го приведе сопственикот за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Вчера во 14.20 часот во Тетово приведен е Е.Х.(25) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во период од 13.30 до 14.30 часот при спроведена акциска контрола на полициски службеници со инспектори од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека во угостителскиот објект во Тетово на кој што Е.Х. бил управител биле затекнати околу 100 лица, спротивно на законот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk