logo
logo
logo

Во Тетовско фатен ХАМЕР полн со КОКАИН!

Vecer | 13.04.2021

Во Тетовско фатен ХАМЕР полн со КОКАИН!

Доцна синоќа, во 23 часот на паркинг од фирма во с.Порој, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31) од с.Порој, Тетовско.

При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона, а притоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Тој е приведен во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, на А.Б. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cSn9UQ-VGbc[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk