Вчера попладне, односно во 17 часот на локален пат с.Палатица – с.Требош, во с.Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.О.(20) од с.Требош и четрицикл „кимко“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Р.Германија, каде сопатник бил малолетник од с.Палатица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот, додека со повреди се здобил неговиот сопатник, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.