logo
logo
logo

Во Србија викендов се вакцинирале над 2 илјади македонски стопанственици

Vecer | 29.03.2021

Во Србија викендов се вакцинирале над 2 илјади македонски стопанственици

Повеќе од 2 000 стопанственици, кои се членовите на Стопанската комора на Македонија, викендов во Србија ја примија првата доза вакцина против ковид-19. Како што информира Стпанската комора, македонските бизнисмени ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ во спортската сала „Чаир“ во Ниш.

На бизнисмените им е закажана ревакцинација на 19 и 29 јуни.

„Ова е прва ваква акција. Ја организиравме со поддршка на Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Се помина во најдобар ред“,истакнуваат од Комората.

Голем број на граѓани вчера во Ниш отишле непријавени за вакцинација, но завршиле со имунизација до 20 часот.

„Во оваа прва акција практично овозможивме вакцинирање на членките кои се дел од органите и структурите на управување на Комората, а бројот на вакцини го определи српската Комора за секоја од коморите-членки на КИФ“, велат за МИА од Стопанската комора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk