logo
logo
logo

На автопатот Скопје- Велес

Во сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл повредени момче и девојка

Vecer | 23.10.2021

Во сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл повредени момче и девојка

На автопатот Скопје- Велес во текот на вчерашниот ден во 13:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk