Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информираат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6 болни, а во Куманово 18 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот