logo
logo
logo

Во Скопје ЌЕ СЕ ГРАДИ ЦЕЛА НАСЕЛБА ПРЕД ХОТЕЛ ХОЛИДЕЈ ИН

Vecer | 13.03.2021

Во Скопје ЌЕ СЕ ГРАДИ ЦЕЛА НАСЕЛБА ПРЕД ХОТЕЛ ХОЛИДЕЈ ИН

Спротвно на најавите и барањата на граѓаните да се обезбедат зелени површини и паркинг простор во централното градско подрачје, еден од најголемите паркинзи, пред хотелот Холидеј ин, ќе биде градилиште во кое ќе се градат високи згради со најмлаку 2.000 нови жители, дополнително и посетители на деловните содржини во тие градби.

На тој простор ќе започне изградба на 6 згради со висина од 20 до 35 спрата кои се планираат со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за општина Центар.

Новиот план за овој простор го изработувала фирмата „Билд урбан“ која на тендерот распишан од Општина Центар понуди цена од 1 денар и победи со најниска понудена цена.

Паркингот пред ГТЦ/Холидеј Ин е едно од последните најголеми слободни јавни градски простори во централното подрачје на град Скопје.

Ја има клучната позиција на поврзување на источниот дел на градот со центарот. На северната страна веднаш се граничи со кејот „13 Ноември“ и реката Вардар. На југоисток е близу до булеварот „Кочо Рацин“, на југозапад се врзува со блоковите и кулите на Градски ѕид, а на северозападната страна веднаш се наоѓаат хотелот „Холидеј Ин“ и Градскиот трговски центар.

Но, Општината има проблем со цртањето на новиот план со кој треба да се исправат грешките на претходниот бидејќи планерот не постапува по нивните насоки за уредување на просторот и си тера по свое односно ги исполнува желбите на инвеститорот. Поради тоа Општината бара правен начин за да го раскине договорот, објави порталот сдк.мк.

Членови на Комисијата за изработка на новите урбанистички планови во Општина Центар за порталот брифирале дека планот по трет пат е вратен кај планерот бидејќи не постапува по нивните барања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk