logo
logo
logo

Во Скопје хоспитализирани 7 нови пациенти за 24 часа, а аплицирани 4.148 вакцини

Vecer | 23.05.2021

Во Скопје хоспитализирани 7 нови пациенти за 24 часа, а аплицирани 4.148 вакцини

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 48 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60

 пациенти.

Вкупно 127 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk