logo
logo
logo

Во Скопје гори на 18 локации, АЛАРМАНТНО ВО КУМАНОВСКО, од ЦУК велат се мобилизира и војската

Vecer | 05.08.2021

Во Скопје гори на 18 локации, АЛАРМАНТНО ВО КУМАНОВСКО, од ЦУК велат се мобилизира и војската

Бројот на пожари постојано се менува и не се знае точна бројка, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК на прес-конференција ги споделија информациите дека состојбата е алармантна во Куманово каде пожар денес избувнал на уште 8 локации, алармантно е во Прилеп, а 18 пожари во моментов се активни само во Скопје, а најкритично е во Кучково, Добри дол и Ракотинце во Општина Сопиште.

За гаснење на пожарот во ова место биле побарани 50 војници од АРМ.

Од ЦУК велат дека состојбата со пожарите од минута во минута се менува, и директорот Стојанче Ангелов изрази сомнеж дека пожарите се подметнуваат. Вели МВР работи на ова.

Горан Стојановски од ЦУК изјави дека до пред малку хеликоптерите гаснеа, а на терен има 300 војници на АРМ во Пехчевско. Сопиште побарало 50 војници, Куманово 80 војници, а за еден час на 7 локации во Куманово избувнале пожари.

Тој рече дека четири куќи се изгорени во Свети Николско, многубројни сили има на местата, но состојбата не овозможува пристап и голема успешност во Пехчевско.

- Утрово е направена евакуација која е успешна со помош на полицијата, останаа дел од објектите опожарени, но човечки жртви нема. Јасно е дека е тешко да го напуштите објектот во кој што сте го вложиле животот, но сепак мора за да се спасат луѓето. До пред малку хеликоптерите гаснеа, а 300 војници на АРМ се во Пехчевско. По кризната состојба, со само едно јавување за 20 до 30 минути ќе се обезбедат професионални единици во број колку што ќе се побара. Сопиште побара 50 војници, а Куманово 80 војници. За еден час на 7 локации во Куманово избувнале пожари. Променливиот ветер и неговата силина не овозможуваат максимално да се интервенира во опожарените места. Одлучивме приоритет да се даде на објектите и на населението, а да се остават нивите со сува трева. Од сега определуваме приоритети. Не губиме надеж", рече Горан Стојановски од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Ангелов посочи дека има сомнителни моменти бидејќи спорно е како на некои места одеднаш се палат толку пожари и полицијата работи на нивно утврдување.

„Хеликоптерите во кои сите гледаат спас имаат лимит. Не само нашите, туку сите. Во Европа не постои хеликоптер што гасне ноќно време. Да не шириме незадоволство и гнев и на хеликоптерите не можеме да сметаме кога е темно. Животите на пилотите ни се многу важни. Над 37 степени температура не е безбедно летање со хеликоптери", рече на прес-конференцијата Ангелов

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk