logo
logo
logo

Во понеделник почнува пописот на дијаспората и на дипломатите

Vecer | 27.02.2021

Во понеделник почнува пописот на дијаспората и на дипломатите

Од 1 март почнува попишувањето на нашите дипломати и нивните семејства во странство и тоа ќе трае до 15 март.

Почнува и самопопишувањето за оние граѓани кои се надвор од земјава и ќе влезат во делот на нерезидентно население, а овој процес ќе се одвива од 1 март до 21 април.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, ова е најмасовна операција од тој тип.

Граѓаните кои се надвор од земјава ќе се попишуваат онлајн преку веб страната на Државниот завод за статистика, а ќе може да се информираат за самиот процес на пописот преку МНР, неговата веб страница, сервисите на Вибер и Whats Up, како и преку мобилната апликација која е направена на 8 јазици.

Апликацијата ќе биде идентична како и прашалниците кои ќе ги користат попишувачите. Граѓаните во странство ќе се информирааат за пописот и преку социјалните мрежи, преку македонските медиуми, преку локални радија и сл.

– Процедурата е многу лесна, од денеска почнува и кампања за информирање на граѓаните во странство. Овој попис ќе ни помогне да ги подобриме услугите кон граѓаните кои живеат надвор, каде да ги лоцираме нашите конзуларни услуги во иднина – рече Османи денеска за заедничка прес конференција со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Симовски го оцени процесот на самопопишување на граѓаните кои живеат во странство како сериозен, сложен, но многу значаен.

Тој се заблагодри на МНР што ги ставило на располагање на своите капацитети.

– Пописот ќе се одвива преку веб апликација која е многу едноставна, лесно достапна и на која за многу кусо време граѓанинот може да се најави со својата мејл адреса. Пристапот од Македонија е оневозможен. Може да се пристапи само од странство. Обезбедени се сите мерки, сите податоци на граѓаните да бидат заштитени – рече Симовски.

Тој потсети дека состојбата на 31 март 2021 година на полноќ е критичен момент на пописот.

Во соработка со Министерството за одбрана ќе се попишат граѓаните кои се наоѓаат во служба на армијата во странство, а заедно со министерствата за правда и за труд ќе се попишат затворениците и лицата бездомници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk