logo
logo
logo

Во понеделник на маса ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО, никој не знае што содржи

Vecer | 23.04.2021

Во понеделник на маса ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО, никој не знае што содржи

Во понеделник, според најавите, треба да биде предаден текстот од нов Закон за државјанство по предлог на Алијансата и Алтернатива. Се најавуваа и многу сомнителни измени, па и до таму македонско државјанство да се добива и со тројца сведоци.

– Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието.

Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.

– Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира во Парламентот. Ние имаме разговарано со премиерот Зоран Заев а на првата средба присуствуваше и претседателот на пратеничката група на СДСМ и верурам дека не е многу важно на кого ќе му го доставиме предлогот, бидејќи на крајот на краиштата и премиерот Заев ја претставува Владата, мнозинството, но и парламентарните групи.

Најважно е ние нашиот завршен дел од работата да го доставиме до страната со која сме преговарале. Во понеделник ќе до доставиме предлогот што го составивме и во најкраток можен период очекуваме одговор и да го процесуираме понатаму, рече Азири.

Премиерот Зоран Заев  вели дека не го видел Предлог-законот за државајнство. Како што изјави денеска, законот најпрво треба да биде доставен до МВР, а потоа и до него и неговиот Кабинет.

“ Го немам видено, целта беше да го предложат до МВР за експертите прво да го видат. Штом тие ќе го оформат својот став, ќе го дадат до мене и до мојот кабинет на разгледување“, изјави Заев.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk