logo
logo
logo

Мицкоски

„Во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија, ДА ПОКАЖЕМЕ ДРЖАВНОСТ“

Vecer | 04.10.2022

„Во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија, ДА ПОКАЖЕМЕ ДРЖАВНОСТ“

Во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија, треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешната средба во владата каде треба со економскиот тим да го претстави планот на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата пред владиниот им на премиерот Димитар Ковачевски.

Самиот факт што денеска само 500-тини семејства се разбудија со топли радијатори е доволен доказ дека работата не е сјајна, би рекол е катастрофална работата. Цениме дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне. Тоа го правиме веќе две недели разговаравме и со коморите, разговаравме и со бизнисот, нормално секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме и официјално средба, рече Мицкоски

„Конечно не знам дали беше од суета или од други причини, додаде тој, „вчера добивме потврден одговор од страна на Ковачевски дека ќе најде време да не прими да ги слушне нашите предлози, нашиот концепт кој не се однесува само за оваа есен и зима туку и за следната година.“

https://www.youtube.com/watch?v=b34E_Lz6FEE

„Така што цениме дека во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија и тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени,“ изјави Мицкоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk