logo
logo
logo

Во Македонија ВЛЕГЛЕ 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ преку илегални канали

Vecer | 24.03.2023

Во Македонија ВЛЕГЛЕ 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ преку илегални канали

Во Македонија влегле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси. Парите во земјава се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, соопшти Центарот за проучување на демократијата од Софија. Податоците се дел од анализа за ширењето на дезинформациите од Москва и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа.

Македонија како што се наведува последните години е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, а тоа се вели дека е потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и на политичките одлуки во државата.

Иако податоците од анализата покажуваат дека Русија најмногу ја проширила својата мрежа во Македонија, одекот сепак е помал отколку во Србија и во Бугарија, земји што се посочени како главни носители на руската пропаганда и спроведувачи на руското влијание во регионот.

Бројките покажуваат дека наспроти европскиот просек од 3,6 отсто од БДП инфилтрирани руски пари во европските финансиски текови и економија, во Македонија тој процент изнесува 6 отсто од БДП за периодот од 2000-та до 2020 година. Исто така бројките покажуваат дека во Македонија најмногу од сите земји во Југоисточна Европа (Западен Балкан плус Хрватска и Бугарија) се објавени постови и се регистрирани интеракции од страна на руската амбасада на Фејсбук профилот лани, а одѕивот бил 173.000 интеракции, наспроти еден милион и 889.000 интеракции на слични активности на руската амбасада во Софија, а само 20.000 во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk