logo
logo
logo

Во Македонија САМО 0,02% од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус

Vecer | 24.07.2021

Во Македонија САМО 0,02% од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус

По објавата на д-р Лили Чолакова Дервишова, матичен доктор од Велес дека нејзина пациентка е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје иако била целосно вакцинирана со вакцината „синофарм“, а се заразила од колега кој исто така бил вакциниран со „фајзер“ Министерството за здравство информира дека само 96 од 330.320 лица во Македонија кои примиле две дози од вакцината против ковид-19 се заразиле со коронавирус по примањето на втората доза.

Од овие 96 заразени лица, 56 имале позитивен тест во период од 21 ден по примањето на втората доза на вакцината, велат од Министерството.

„Тоа значи дека само 0,02% од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус, што покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат“, соопшти Министерството.

Само 13 од овие случаи завршиле со хоспитализација, од кои двајца моментално се на лекување и се во стабилна состојба, иако еден од нив има тешко хронично заболување.

Од Министерството велат дека нема починати меѓу лицата кои примиле две дози од вакцината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk