logo
logo
logo

Во Македонија од ковид починале 22 лица кои веќе биле вакцинирани

Vecer | 23.05.2021

Во Македонија од ковид починале 22 лица кои веќе биле вакцинирани

Вкупно 22 лица починале како последица од инфекција со Ковид и покрај тоа што се вакцинирале, јавува Фактор повикувајќи се на официјални информации добиени од Министерството за здравство.

Според нив, од овие 22 лица кои починале 17 се разболеле во првите 14 дена по примањето на вакцината па се претпоставува дека и во моментот кога ја примиле веќе биле носители на вирусот.

Инаку од околу 216.000 вакцинирани вкупно се заразиле 664 граѓани и покрај тоа што веќе биле имунизирани.

Најголемиот дел и од оваа група на луѓе се заразиле во првите 14 дена по примањето на првата доза па и за нив се претпоставува дека најверојатно биле во период на инкубација кога ја примиле вакцината.

Иако нема информации кои вакцини ги примиле овие граѓани, студија на српските доктори покажува дека една петтина од луѓето кои се вакцинираат со кинеската вакцина воопшто не развиваат антитела и по две примени дози. Токму оваа вакцина ја има во најголеми количини во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk