logo
logo
logo

Во Македонија доминантен е БРИТАНСКИОТ СОЈ - ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАЗЕНИ ИМА ВО СЕКОЈ ГРАД

Vecer | 21.04.2021

Во Македонија доминантен е БРИТАНСКИОТ СОЈ - ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАЗЕНИ ИМА ВО СЕКОЈ ГРАД

Вчера беа регистрирани нови 766 случаи на КОВИД-19 од направени 3171 тестирање во изминатите 24 часа. Во истиот период се регистрирани 1118 оздравени, како и 31 починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Досега во земјата се направени вкупно 695 267 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147 995, бројката на оздравени пациенти е 124 828, на починати е 4 509, а бројот на активни случаи изнесува 18 658.

Според неделниот извештај на ИЈЗ има намалување од 24,3 отсто на бројот на позитиви случаи на КОВИД-19 во земјава во изминатата недела.  Намалување има и кај бројот на смртни случаи, пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, што е за 25,4 отсто помалку во однос на минатата недела. Процентот на позитивни случаи од вкупно тестирани се движи од 15,3 до 27,9 отсто или во просек 22,6 отсто. Доминантен сој кај примероците што се земени од заразените е британскиот.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 65667, активни 8401

Куманово 8130, активни 1183

Прилеп 7951, активни 910

Тетово 6945, активни 655

Битола 5812, активни 1211

Велес 5242, активни 679

Гостивар 5020, активни 458

Кавадарци 5019, активни 512

Штип 4770, активни 457

Охрид 4735, активни 870

Струмица 3816, активни 533

Струга 2879, активни 258

Кочани 2605, активни 294

Кичево 2362, активни 284

Гевгелија 2131, активни 320

Неготино 2118, активни 245

Свети Николе 1443, активни 148

Крива Паланка 1184, активни 90

Ресен 1170, активни 212

Радовиш 1049, активни 131

Берово 970, активни 61

Делчево 932, активни 98

Дебар 911, активни 54

Пробиштип 753, активни 38

Виница 748, активни 106

Валандово 637, активни 91

Богданци 473, активни 73

Крушево 461, активни 103

Демир Капија 392, активни 38

Демир Хисар 362, активни 57

Кратово 351, активни 15

Македонски Брод 348, активни 30

Пехчево 252, активни 17

Македонска Каменица 225, активни 12

Дојран 132, активни 14

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk