logo
logo
logo

Во Македонија 6.143 активни на КОВИД-19 - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 16.02.2021

Во Македонија 6.143 активни на КОВИД-19 - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

По релативно високите бројки на новорегистрирани случаи на Ковид-19 кои во изминатите седум дена дена се движеа меѓу 180 и 416, вчера беше забележано намалување и на бројот и на процентот на новозаразени. Беа потврдени 51 нов случај од направени 755 тестови, што е 6,75 отсто.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 592. Има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите. Во Скопје се лекуваат 243 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Oд почетокот на епидемијата, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава  изнесува 97 101, оздравени се 87 960, починаа 2 998, а во моментов како активни случаи се водат 6 143 лица.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 42418, активни 2785

Куманово 5364, активни 233

Тетово 5271, активни 217

Прилеп 4842, активни 306

Гостивар 3703, активни 118

Штип 3566, активни 75

Битола 3317, активни 124

Велес 3289, активни 231

Охрид 3040, активни 360

Кавадарци 2953, активни 419

Струмица 2626, активни 153

Струга 2321, активни 159

Кочани 1772, активни 48

Кичево 1749, активни 69

Свети Николе 1099, активни 25

Гевгелија 1074, активни 101

Неготино 1041, активни 82

Дебар 777, активни 41

Ресен 777, активни 67

Крива Паланка 757, активни 34

Радовиш 739, активни 46

Делчево 699, активни 212

Берово 624, активни 35

Пробиштип 521, активни 18

Виница 504, активни 22

Валандово 338, активни 12

Демир Хисар 255, активни 10

Кратово 251, активни 24

Македонски Брод 250, активни 9

Крушево 234, активни 39

Богданци 233, активни 10

Демир Капија 227, активни 39

Македонска Каменица 192, активни 4

Пехчево 183, активни 3

Дојран 95, активни 13

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk